На „Охридско лето“ концерт посветен на  флејтистот Илија Зимбо

од admin_kult

Концерт посветен на прерано починатиот уметник, флејтистот Илија Зимбо ќе се одржи вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“  како дел од  музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.

Ќе настапи „Пијано Трио“ составено од тројца етаблирани музичари Татијана Петрушевска – Караскаковска – прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски – прв  фаготист во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ и Петар Макариевски – пијано, уметнички соработник при ФДУ.

Ова трио ги здружи своите сили во 2014 година  и својот прв настап го имаше на концертот  и промоцијата на ЦД  во чест на флејтистот Илија Зимбо во Скопје. Следуваа концерти во скоро сите градови во Македонија, како и во Нови Сад во годината кога овој град беше Европска престолнина на културата. Илија Зимбо беше истакнат македонски солист, камерен музичар и прв флејтист во оркестарот на Националната опера и балет. Остави богата концертна биографија и бројни награди на престижни натпревари ширум светот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе