На Василица се одржа вековната традиција со Џоломарите во Тиквешкиот Регион

од admin_kult

Џоломарите, кои претставуваат културно етнографско богатство и наследство на Тиквешкиот Регион, викендов, на православниот верски празник Василица, или стара Нова година, ја испочитуваа долгогодишната традиција на овие простори.  

Претставникот на џоломарската група од село Бегниште, Орданчо Лазаров, во изјава за МИА го истакна значењето на оваа многувековна традиција која, како што нагласи, претставува вистинска атракција каде и да се појават.

–  Џоломарството се чува и негува во Бегниште како очите во главата. Се пренесува од дедо на внук. Се маскираат од најмлади до најстари припадници на машкиот пол. Со волнени ќулавки и долги бради, сламени грпки, клопотарци и стапови, исцрнети лица со саѓи од фурните, кои се чуваат и пренесуваат како семејно богатство и наследство – подвлече Лазаров. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе