Најава за прес-конференција на министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска и заменик-претседателот на Владата, Битиќи

од admin_kult

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на 12 септември (вторник) во 11:45 часот, во Медија -центарот на Владата ќе одржи прес-конференција, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

На прес-конференцијата, меѓу другото, ќе стане збор за проектот за реновирање и уредување на новиот простор наменет за новата Национална установа Оркестар за џез-музика на Република Северна Македонија, со средства што се обезбедени преку програмата ТАВ.

Ги покануваме новинарските екипи да ја проследат прес-конференцијата.

Видеоматеријалот од преносот во живо со висока ХД-резолуција може да го преземете преку следниве линкови:

MK – https://youtube.com/live/—_QQnd5KY

ALB – https://youtube.com/live/4schPdLmzrI

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе