Научен собир за Пенушлиски и за Цепенков во Институтот за македонска литература

од admin_kult

По повод 110 години од раѓањето на македонскиот фолклорист Кирил Пенушлиски и 50 години од објавувањето на целокупниот опус на Марко Цепенков во 10 тома, денеска, во 12 часот, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” во Скопје ќе се одржи научен собир на Институтот за македонска литература.

На отворањето на собирот свои обраќања ќе имаат директорката на Институтот за македонска литература, проф. д-р Наташа Аврамовска, и претседателката на Одборот, проф. д-р Ана Мартиноска, и ќе се презентираат снимки од дигитализираната колекција на фолклорни умотворби од Кирил Пенушлиски (архив БузАр).

Во рамките на програмата, предвидени се научните излагања: на д-р Марко Китевски – Делото на Кирил Пенушлиски во одбрана на македонскиот национален идентитет; на д-р Ермис Лафазановски – 50 години од објавувањето на десеттомното издание „Македонски народни умотворби“ на Марко К. Цепенков во редакција на Кирил Пенушлиски; на д-р Валентина Миронска-Христовска – Универзалното, колективното и личното во Цепенковите записи; на д-р Ана Мартиноска – Аманет од работната соба на Пенушлиски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе