Мултимедијалниот проект „Ризом-X“ќе биде изложен во КИЦ во Загреб

од admin_kult

Мултимедијалниот проект „Ризом-X“ вечер, од 19 часот, ќе биде изложен во Kултурно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб. Креатори на проектот се авторките Вероника Камчевска и Ана Димчевска Семенпеева во соработка со аудиодизајнерот Горан Москов.

„Ризом-X“ е мултимедијален проект, кој низ специјални аудиовизуелни својства ја истражува човековата адаптација низ даденост на реалитети.

Вероника Камчевска (1987) е видеоавторка и истражувачка на мултимедијални форми и модели. Кокреаторка е на e-платформата „Covidmembrance“ (2021), која во својата структура интегрира дигитално-визуелни форми, квантитативно-квалитативни вредности на видеоарт, дигитален цртеж и дигитална писменост.

Ана Димчевска Семенпеева (1986) е мултимедијална авторка со интердисциплинарен визуелен израз во графика и скулптура. Нејзиниот уметнички интерес го истражува поврзувањето на ликовниот израз во различни медиумски форми. Вработена е во НУ Музеј на Северна Македонија како конзерватор за метал.

Горан Москов (1984) е аудиодизајнер кој работи на арт-инсталации, експериментални и документарни филмови. Автор е и соработник на мултимедијалниот проект „Ризом-X“, (2022). Kако главен аудиодизајнер и композитор на оригинална музика, работи на мултимедијалната платформа „Covidmembrance“, (2021).

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе