Министерката за култура Стефоска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република, Томан

од admin_kult

Министерката за култура Ирена Стефоска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република во Република Северна Македонија,  Мирослав Томан.  На средбата соговорниците разговараа за досегашната соработка во областа на културата меѓу двете земји, но и за начините преку кои во наредниот период ќе можe да се интензивира меѓуинституционалната соработка.

На средбата беше посочено дека во изминатите години, во Република Чешка беа реализирани повеќе настани преку кои беше презентирана македонската култура во оваа земја, но и чешката култура беше претставена во нашата земја.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе