Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска во работна посета на Делчево

од admin_kult

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска (21.12.2023 година) е во работна посета на Oпштина Делчево.

Според агендата, министерката Костадиновска-Стојчевска ќе оствари средба со градоначалникот Горан Трајковски и ќе направи обиколка на делот од Спомен-домот на АСНОМ каде што се во тек последните активности од Проектот за реконструкција и санација на малата сала, поддржан од Програмата за капитални дотации во културата за единиците на локалната самоуправа.

На покана од ФГ „Копачка“,  министерката за култура Костадиновска-Стојчевска во Делчево ќе присуствува и на свеченото дефиле по повод одбележувањето на јубилеите 75 години постоење на ЗФГ „Копачка“ и 20 години од донесувањето на Конвенцијата за заштита на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Изјави за медиуми се предвидени за 13:00 часот пред новата сала во Спомен-домот АСНОМ.

Го покануваме вашиот медиум да ги проследи изјавите.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе