Милчо Манчевски започнува со снимањето на новиот филм „Кајмак“

од admin_kult

Милчо Манчевски го почнува снимањето на својот седми филм „Кајмак“. Во оваа црна  комедија за две семејства, која ги критикува лицемерието и малограѓанштината ќе  играат: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски и други актери.

Манчевски е сценарист и режисер, афилмот е европска копродукција, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, како и од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија, копродуцент е Македонската Радио Телевизија,

Филмот е во продукција на „Банана филм, а продуцент е Јане Ќортошев  .

Инаку,  според финансиската конструкција за  филмот кој ја доби поддршката  и од европскиот фонд „Еуримаж“, Македонија учествува со 48 проценти, додека 52 проценти од средствата доаѓаат од странство.

Филмот ќе се снима исклучиво на локации низ Скопје.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе