Деветнаесетиот ОФФест продолжува со македонска вечер. Надоврзувајќи се на традицијата на претставување на домашната сцена на ОФФест утре во Македонската филхармонија ќе настапат Добрила & Дориан Дуо и Баклава.
Гдинашното издание на ОФФест во вторникот го отоври со извонредниот настап фасцинантната каталонска пејачка Силвија Перез Круз кој истовремено претставуваше и светска премиера на нејзиниот најнов проект „Фарса“ (Farsa).
ОФФест се одвива целосно во согласност со протоколот за одржување на концерти во затворен простор, а следејќи ги најновите препораки на Комисијата за заразни болести, почетокот на концертот е во 19:00 ч. исклучиво онлајн.