„Локум фест – музика и традиција“ од 22 до 24 јули во Битола

од admin_kult

Со концерт на „Влатко Стефановски трио“ на локалитетот Хераклеја во Битола, утревечер (22 јули) започнува 15. јубилејно издание на балканскиот етнофјужн-фестивал „Локум фест – музика и традиција“.

Во рамките на фестивалот, кој ќе се одржува до 24 јули, ќе настапат и Драган Даутовски и Ратко Даутовски, како и КУД „Илинден“, а, меѓу другото, ќе биде отворена и изложбата „40 години Мал битолски Монмартр“.

„Локум фест“ е фестивал што почна пред една и пол деценија (2007) во Старата битолска чаршија. Самото име е изведено од конзулската традиција со локум и кафе да се пречекаат соседот, патникот, добронамерникот и е синоним за отвореност, мултикултурност, средба меѓу културите. Всушност, една од главните функции на фестивалот е преку разните музички форми (традиционални и стилизирани, чалгија, „fusion“, „world music“) да се покажат целиот амалгам и раскош на култури, етноси и обележја на конзулска Битола.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе