Полагањето на лекторскиот испит се одвива во согласност со Законот за употреба на македонскиот јазик, Правилникот за начинот на полагањето на испитот за добивање лекторска лиценца и за програмата за испитот и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на полагањето на испитот за добивање лекторска лиценца и за програмата за испитот кои се достапни на веб-страницата на Министерството за култура.
Испитот за добивање лекторска лиценца се одржува еднаш месечно, секој месец, со исклучок на месец јули.
Барањето за полагање лекторски испит, кое е достапно на веб-страницата на Министерството за култура (Правилник за образецот на барањето полагање на испитот за добивање лекторска лиценца; ), се поднесува во архивата (писарницата) на Министерството за култура, секој работен ден, од први до десетти во месецот.
Со Барањето за полагање на испитот, кандидатот е должен да поднесе доказ за исполнување на условот за полагање на испитот од членот 10 став (2) од Законот за употреба на македонскиот јазик – диплома за завршено четиригодишно високо образование на студиските програми Македонски јазик или Македонски јазик и литература, со прв главен предмет Македонски јазик (копија заверена на нотар).
Лекторскиот испит се полага пред Комисијата за полагање испит за лектор.