Костадиновска-Стојчевска во посета на Општина Кривогаштани

од admin_kult

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на 24 јули 2023 година (понеделник), од 10:00 часот  ќе престојува во работна посета на Општина Кривогаштани, каде ќе оствари средба со градоначалникот Николче Мискоски.

За време на посетата Костадиновска-Стојчевска ќе се запознае со инвестицискиот проект за адаптација со пренамена на општинската сала во мултифункционална сала за реализација на културни активности и манифестации.

Реализацијата на проект е поддржана со средства од  капиталните дотации од Mинистерството за култура наменети за единиците на локалната самоуправа.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе