Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на 24 јули 2023 година (понеделник), од 10:00 часот ќе престојува во работна посета на Општина Кривогаштани, каде ќе оствари средба со градоначалникот Николче Мискоски.
За време на посетата Костадиновска-Стојчевска ќе се запознае со инвестицискиот проект за адаптација со пренамена на општинската сала во мултифункционална сала за реализација на културни активности и манифестации.
Реализацијата на проект е поддржана со средства од капиталните дотации од Mинистерството за култура наменети за единиците на локалната самоуправа.