Концерт на „Танец“  во Гевгелија

од admin_kult

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ вечерва од 19:00 часот ќе одржи концерт во големата сала на Домот на културата „Македонија“ во Гевгелија.

Концертот „Фолклорно-класична симбиоза“ е заеднички проект со оркестарот и хорот на НОБ. Во симфониски аранжмани ќе бидат изведени „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“ и „Водарки“, како и многу други македонски ора и вокални мелодии.

Настапуваат оркестарот, хорот и игроорците на „Танец“ заедно со оркестарот и хорот на НОБ. Оркестрациите ги направи Дарко Илиевски, а диригент е Бисера Чадловска.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе