Концерт на Симон Трпчески на 13 јануари во Монте Карло

од admin_kult

Македонскиот пијанист Симон Трпчески ќе ја продолжи концертната сезона на 13 јануари во салата „Рение Трети“ во Монте Карло каде што заедно со  Хидан Мамудов, Александар Краповски, Александар Сомов и Влатко Нушев ќе ја изведе „Македонисимо“.

Трпчески, Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев продолжуваат со претставувањето на проектот базиран врз традиционалната македонска музика, чии транскрипции, по идеја на Трпчески, ги потпишува нашиот истакнат композитор Панде Шахов.

Со овој настап, македонскиот пијанист го продолжува своето гостување како резиденцијален артист на Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, во чии рамки е предвидено да одржи четири концерти во тековната сезона 2023/24 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе