Македонскиот пијанист Симон Трпчески ќе ја продолжи концертната сезона на 13 јануари во салата „Рение Трети“ во Монте Карло каде што заедно со Хидан Мамудов, Александар Краповски, Александар Сомов и Влатко Нушев ќе ја изведе „Македонисимо“.
Трпчески, Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев продолжуваат со претставувањето на проектот базиран врз традиционалната македонска музика, чии транскрипции, по идеја на Трпчески, ги потпишува нашиот истакнат композитор Панде Шахов.
Со овој настап, македонскиот пијанист го продолжува своето гостување како резиденцијален артист на Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, во чии рамки е предвидено да одржи четири концерти во тековната сезона 2023/24 година.