Концерт на националниот ансамбл „Танец“ во Македонска Каменица  

од admin_kult

Со концерт на ансамблот „Танец“, по една ипол годишна пауза се вратија културните настани на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Настапот, е дел од серијата концерти во новата сезона со симболичен наслов наречена „Враќање, а симболиката е во тоа што годинава е 100-годишнина од раѓањето на Блаже Конески, но, концертите се и во духот на почнување на новиот сценски живот по долгата глобална здравствена криза што се одрази на уметноста во целиот свет.

За организаторот на концертот, Културно-информативниот центар „Романса”, за големината на ансамблот „Танец” говори самиот факт што повеќе од седум децении претставува симбол на македонската култура и уметност.

Покрај вокално-инструменталниот концерт во Македонска Каменица, “Танец” во наредниот период ќе има настапи и во уште неколку градови во Македонија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе