Концерт на КУД „Јане Сандански“ и ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Пехчево

од admin_kult

Во организација на Домот на културата „Јане Сандански“, во киносалата во Пехчево се одржа концерт на членовите на истоименото Културно-уметничко друштво, на кој со повеќе народни песни и ора карактеристични за Источна Македонија настапија и членовите на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип..

Според директорката на Домот на културата, Валентина Веселинска, со овој концерт продолжува традицијата за одржливост на Друштвото кое постои 75 години и во кое членуваат 60 фолклористи на возраст од 6 до 16 години.

Од Домот на културата во Пехчево додадаваат дека се во тек и подготовките за настап на Фестивалот на дувачки оркестри, кој по пауза од две години повторно ќе се одржи во јуни за празникот на градот, Павловден.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе