Битолскиот театар со премиерна изведба на претставата „Артуро Уи“ 

од admin_kult

Ансамблот на НУ Народен театар – Битола на 6 мај, на големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге“ во Битола, премиерно ќе ја изведе претставата „Артуро Уи“ од Бертолт Брехт во режија на Кендрим Ријани.

Во претставата настапуваат актерите: Илина Чореска, Иван Јерчиќ, Никола Стефанов, Хари Михајловски, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска, Никола Пројчевски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Александар Димитровски, Петар Спировски и Александар Стефановски. Драматург на претставата е Билјана Крајчевска, асистент на режија Јован Ристовски, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Благој Мицевски, а композитор е Тимор Доми.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе