Концерт на камерниот оркестар на МММ ,,Сашa Николовски – Ѓумар”

од admin_kult

Во рамките на музичката програма на Охридско лето вечерва концерт на  Камерниот оркестар  на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски Ѓумар“ под диригенската палка на Иван Еминовиќ.  Како солист ќе настапи сопранистката Марија Ташевска. Концертот е со почеток од 21 часот во  а црквата Св.Софија.

На програмата се дела од В. А. Моцарт, Росини, Хендл, Џордани, Чајковски, Перголези, Шуберт, Шнитке и Пјацола.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 37 години, а од 2018 година оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.

Завршниот концерт на летната сесија на оркестарот континуирано е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните  години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе