Концерт на Александра Коцевска – мецосопран и Глигор Гелебешев – пијано

од admin_kult

Во рамките на 45. издание на манифестацијата „Денови на македонска музика“, денеска (26 април) во 20:00 часот во Музејот на македонската борба ќе се одржи концерт на Александра Коцевска – мецосопран и Глигор Гелебешев – пијано.

На концертот ќе биде претставен избор од вокалното творештво на автори од постарата генерација: Петре Богданов Кочко, Стојан Стојков и Љубомир Бранѓолица. Водител на настанот е музичката писателка и рецензентка Викица Костоска-Пенева. Влезот за концертот е слободен.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе