Настани во чест на Светскиот ден на книгата и на авторското право

од admin_kult

Во чест на Светскиот ден на книгата и на авторското право, денеска (26 април) во 12:00 часот во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе се одржи традиционалниот настан со подарување книги и рози. Ќе бидат прочитани пораката на генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, и македонската порака за Светскиот ден на книгата, која годинава ја напиша проф. д-р Анастасија Ѓурчинова. Настанот со поздравен говор ќе го отвори в.д. директорката на НУБ, Јелисавета Костадинова, а ќе се обрати и Хосе Луис Лозано Гарсија, амбасадор на Шпанија во нашата земја.

Денеска напладне чествување ќе има и во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид каде што ќе бидат прогласени најредовните читатели за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како и најчитаните домашни и странски автори и книги.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе