Концерт „Манфред“ со јапонската виолинистка Сајака Шоџи во Филхармонија

од admin_kult

Оркестарот на Филхармонијата вечер ќе го изведе концертот „Манфред“ на кој како солистика ќе настапи јапонската виолинистка Сајака Шоџи. Диригент е Габриел Бебешелеа, а на програмата се дела од Јоханес Брамс и од Л. В. Бетовен.

Подемот на Сајака Шоџи започнува во 1999 година, откако ја добива првата награда на еден од најзначајните виолински натпревари „Паганини“ во Џенова, Италија. Веднаш потоа започнува нејзината плодна соработка со некои од водечките светски диригенти – Зубин Мехта, Лорин Мазел, Семјон Бичков, Јури Темирканов и многу други. Нејзината уметничка уникатност и разновидниот обемен репертоар ѝ овозможуваат да настапува со повеќе реномирани оркестри, како: Лондонскиот симфониски оркестар, Берлинската филхармонија, Њујоршката филхармонија, Оркестарот на Националната академија на Санта Чечилија, Чешката филхармонија…

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе