Завршен настан на проектот „Поддршка на иницијативи предводени од млади за заштита и одржлив развој на Светското наследство на УНЕСКО Охридско Езеро“

од admin_kult

Во црквата „Св. Софија“ во Охрид вчера се одржа завршниот настан за проектот „Поддршка на иницијативи предводени од млади за заштита и одржлив развој на Светското наследство на УНЕСКО Охридско Езеро“.

На настанот беа претставени проекти изработени од учениците од средните училишта во Охрид: ОСУ „Св. Климент Охридски“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, ОУТУ „Ванчо Питошески и СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Проектот е финансиран од Програмата за партиципација на УНЕСКО за периодот 2020 – 2021 година, а беше спроведен од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонијаод јули 2021 година. Активностите имаа цел, преку поттикнувањето на младинска активност, да се подобрат свеста, знаењата и капацитетот на учениците од средните училишта во Охридскиот Регион во насока кон препознавање, прифаќање и заштита на извонредните карактеристики на нивниот регион.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе