Концерти на Ансамблот „Елиас Ладино“ и на грчкиот гудачки квартет „Емилиос Риадис“ на „Охридско лето“

од admin_kult

Десеттиот ден на програмата на годинешното „Охридско лето“ ќе понуди две интересни музички содржини, со концертите на ансамблот „Елиас Ладино“ и Грчката вечер во чии рамки е концертот на квартетот „Емилиос Риадис“

Првиот концерт е од 19 часот во Предворјето на „Света Софија“, со настапот на ансамблот „Елиас Ладино“, во состав Ден Елиас на кларинет, Марко Брем – контрабас, Скот Вилсон –  уд и канoн и Кејси Бонд – думбек (тарабука).

Од 1976 години ансамблот изведува сефардска музика на концерти и фестивали низ целиот свет.

Вториот концерт е резервиран за Грчката вечер со настапот на гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ од 21 часот, во црквата „Света Софија“.  

Љубителите на музиката ќе имаат можност да слушнат дела од Емилиос Риадис, Јанис Константинидис, Константинос Григориу, Никос Скалкотас и од Ф. Менделсон.

Гудачкиот квартет „Емилиос Риадис“ составен од уметниците Андреас Папаниколау – виолина, Јоргос Кујумѕоглу – виолина, Александра Волци – виола и Лила Манола на виолончело, опстојува на камерната музичка сцена повеќе од 17 години. Оформен е во 2005 година од музичари на Солунскиот симфониски оркестар.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе