Во Министерството за култура денеска се одржа конститутивна седница на Националниот совет за културно наследство како советодавно и координативно тело на Владата на Република Северна Македонија.
На седницата претседаваше министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која во своето воведно обраќање ги истакна значењето и функцијата на Националниот совет во однос на следењето, остварувањето и унапредувањето на заштитата и користењето на културното наследство.
![](https://kultura.gov.mk/wp-content/uploads/2022/07/Nacionalen-sovet-2-1024x616.jpg)
На седницата, која помина во пријатна атмосфера, по усвојувањето на Деловникот за работа, членовите на Националниот совет за културно наследство дискутираа за основните насоки на дејствување во согласност со законската регулатива.
Советот е составен од 11 членови – докажани поединци од редот на универзитетски професори, стручни лица и експерти од областа на културното наследство.