Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола прв пат распишува конкурс за доделување на наградата „Раднокраен автор за 2022 година“, која е во рамките на проектот „Роднокрајни средби на битолските писатели од Македонија“.
Заинтересираните писатели потребните документи треба да ги испраќаат на електронската пошта nuub.bitola@gmail.com. Конкурсот трае од 16 до 31 јануари 2023 година.
Наградата „Раднокраен автор за 2022“ ќе биде доделена на 25 март 2023 година.