Објавен конкурсот за 24. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

од admin_kult

Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица го објави конкурсот за 24. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2023“, кој се одржува во рамки на Интернационалниот Струмички карневал на тема „Карневал-еротика“.

„Според пропозициите на конкурсот за афоризам секој автор може да учествува најмногу со десет афоризми отпечатени во три примероци со шифра и со податоци за авторот во затворен плик. Учесниците можат да учествуваат со повеќе трудови од десет афоризми со шифра за секој труд. Во категоријата карикатура пак, секој автор може да учествува најмногу со три карикатури работени во техника по избор на авторот, со димензии А4, а на секоја кариктура треба да има податоци за авторот на задната страница“, информираат од Центарот за култура-Струмица .

Делата треба да бидат испратат најдоцна до 16 февруари 2023 година, а жири комисијата ќе додели златна, сребрена и бронзена плакета со право на жирито да одреди дополнителен број награди.

Наградите ќе се доделат на 27 февруари 2023, кога ќе биде организирана изложба и презентација на наградените дела.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе