По повод Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите – 18 Април, ИКОМОС Македонија организира настан на тема ,,Климатските промени и културното наследство“. Оттука, на 18 aприл, со почеток во 12:00 часот, преку платформата Зум ќе се одржат предавања на тема ,,Климатските промени и културното наследство“.Преку презентации на студии на случај, со свои излагања ќе учествуваат членките на ИКОМОС Македонија д-р Ангелина Поповска од НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и м-р Сузана Касовска-Георгиевска од Институтот за животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ.
Настанот е отворен за сите заинтересирани преку слободно пристапување на следнава Зум-врска (претходна регистрација за настанот не е потребна):
https://us02web.zoom.us/j/83238188934?pwd=VHpMRzF0bGpDd3h5Z29KT1VKN3lSZz09.
Годинешната тема на ИКОМОС за одбележување на овој значаен ден е „Наследството и климата“. Од ИКОМОС информираат дека изборот на оваа тема претставува можност да се прикажат стратегии за промовирање на целосниот потенцијал на истражувањата и практиката за зачувување на наследството со цел изнаоѓање соодветни начини за нивно спроведување, а во насока на засилување на одржливиот развој, истовремено залагајќи се за праведни транзиции на емисии со низок јаглерод.