Изложба по повод Светскиот ден на уметноста – 15 Април

од admin_kult

Со изложбата „Поместени граници“ на ДЛУМ, денеска во дворот на Министерството за култура беше одбележан Светскиот ден на уметноста – 15 Април.

По тој повод, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска претходниот ден ја разгледа изложбата и им се заблагодари на уметниците што ги поместуваат границите, и што во хармонија со просторот му даваат боја на сивилото.

 „Живееме во чудни, во тешки и непредвидливи времиња. Уметноста повторно има тешка и одговорна задача – да ни помогне да останеме луѓе, да нè опомене дека сме создадени за добро и да го пробуди најдоброто во нас. Бездните на животот и онака се длабоки. Наместо да копаме во нив, ние треба да изградиме мост над нив. Уметноста е секогаш НАД и секогаш ИН“, порача министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.

Според Марија Светиева од ДЛУМ, изложбата во организација на ДЛУМ, која веќе го има своето шесто издание, е концепт-проект посветен на новите медиуми, на уметничките процеси кои се отворени за промени.

 „Поставувајќи ја уметноста поблизу до гледачите, дури и случајните минувачи, ја продолжуваме мисијата, уметноста да биде духовна храна, преку неа да испратиме порака и да се запрашаме колку сме моќни да направиме промени“, рече Светиева.

На изложбата, која ќе биде поставена до 20 часот, се претставени осум уметници: Ненад Тонкин, Ива Станковска, Дарко Базерко, Ана Трајковска, Јана Јакимовска, Славчо Максимовски, Ана Ивановска и Марија Светиева.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе