Ве известуваме дека во организација на Министерството за култура и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, на 29 март 2022 година, со почеток во 11 часот, во киното „Фросина“ (ЈУ Младински културен центар во Скопје) ќе се одржи првата Информативна сесија за Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“ на Европската Унија.
Целта на настанот е да го претстави новиот програмски циклус на Програмата „Креативна Европа – Потпрограми: Култура и МЕДИА“ пред потенцијалните корисници на Програмата од културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор, како и пред пошироката јавност. Во рамките на сесијата, присутните ќе имаат можност да се запознаат со приоритетите и целите на тековниот повик за аплицирање „Проекти за европска соработка“ (Потпрограма „Култура“) и новите повици за развој, промоција и дистрибуција на европскиот филм и аудиовизуелните индустрии (Потпрограма „МЕДИА“).
Ве молиме вашето присуство на настанот да го потврдите најдоцна до 28 март (12 часот), и тоа: за претставниците на културните и креативните сектори на следниве е-адреси: biljana.prentoska@ced.mk и dejan.kotevski@ced.mk, а за претставниците на аудиовизуелниот сектор на следнава е-адреса: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk
Прилог: Програма на настанот
Ви благодариме за соработката.
Тим на Креативна Европа на Република Северна Македонија