Инклузивна танц претстава на Dancers United: Заедно сме посреќни, похрабри, посилни и посамоуверени!

од admin_kult

Во Музејот на македонската борба на 05.12.2023 (вторник) со почеток од 20:00 часот ќе се одржи инклузивна танц претстава на танцовото студио Dancers United кое пред десет години ширум ги отвори вратите за лицата со попреченост, силно верувајќи дека секој заслужува шанса да танцува.

-Како почна нашата инклузивна група, кои беа нивните први чекори во танцот, нивната прва кореографија, како напредувавме и до каде стигнавме, каде сè настапувавме, се натпреваруваме, какви успеси постигнавме, како нашите танчери  со многу верба, надеж, трпение и многу работа со поддршка на родителите, институциите, медиумите вродија со голем напредок во комплетната слика за лицата со попреченост на што сме навистина горди, -велат од танцовото студио.

Инклузивната претстава е дел од програмата на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе