Во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Загреб денеска (27 септември) во 20:00 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Сакам,…“ на уметницата Анита Огњановска.
Во рамките на изложбата ќе бидат претставени 30-ина неизложувани дела со среден и голем галериски формат, работени во изминатите две години во техниките масло на платно, акрил на платно и комбинирана техника. Станува збор за дела со богат колорит и текстура кои ги истражуваат темите на љубовта, желбата, копнежот, личната слобода и израз.