Изложба „Неонска рефлексија“ на Антонио Пирковски

од admin_kult

Изложбата „Неонска рефлексија“  на која се претставени инсталации од македонскиот уметник Антонио Пирковски, е поставена во излозите на Францускиот институт и кафе-барот Нано во Скопје  до 31 октомври..

Според кураторот на изложбата, Кристина Глигоровска, уметничките инсталации го отсликуваат современиот пристап кон создавањето на скулптурални дела, генезата на универзумот, трансхуманизмот, како и човекот на денешницата во процесот на трансформација во сајбер-човекот од иднината.

Изложбата „Неонска рефлексија“ е активност од проектот „Излогот како уметнички медиум“ во реализација на галеријата Акантус и Здружението за промоција на визуелната култура – Студио Вирту.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија, Францускиот институт и кафе-барот Нано.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе