Изложбата „Неонска рефлексија“ на која се претставени инсталации од македонскиот уметник Антонио Пирковски, е поставена во излозите на Францускиот институт и кафе-барот Нано во Скопје до 31 октомври..
Според кураторот на изложбата, Кристина Глигоровска, уметничките инсталации го отсликуваат современиот пристап кон создавањето на скулптурални дела, генезата на универзумот, трансхуманизмот, како и човекот на денешницата во процесот на трансформација во сајбер-човекот од иднината.
Изложбата „Неонска рефлексија“ е активност од проектот „Излогот како уметнички медиум“ во реализација на галеријата Акантус и Здружението за промоција на визуелната култура – Студио Вирту.
Проектот е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија, Францускиот институт и кафе-барот Нано.