Изложба на Стефан Анчевски во Прилеп

од admin_kult

Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска (3 септември) ќе биде отворена изложбата „Човек – број“ од уметникот Стефан Анчевски.

„Изработените графички решенија се со различни постапки и техники добиени по пат на случајност, без контрола врз една од најконтролираните ликовни техники – графиката. Со одбирањето на ваквата постапка ја надополнив содржината на моите дела – контролирањето и воведувањето ред со броеви на човековото постоење наспроти човековата природа, наспроти она што човекот во својата суштина – е“, појаснува во најавата за својата изложба, уметникот Анчевски.

Стефан Анчевски е роден во 1993 година во Куманово, а дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2017 година. Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и во странство и на повеќе ликовни колонии.

Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе