Во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија на 24 август (среда), од 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Panta rhei“ на македонскиот ликовен уметник Марјан Стојаноски.
Оваа прва самостојна изложба на Стојаноски во Софија е составена од ротирачки скулптури изработени со користење на метал и елементи од дрво.
Изложбата во КИЦ на РСМ во Софија ќе биде отворена до 31 август 2022 година.