Изложба на Петра Јовановска и Рафаел Ристовски

од admin_kult

На уметничката платформа за визуелни онлајн изложби: https://www.artsteps.com,   од денеска (7 мај) до 23 мај, како и на веб и на фејсбук-страниците: https://petra-yovanovska.com, https://www.facebook.com/PETRArt.13 https://www.facebook.com/petra.jovanovska.7/, ќе биде поставена самостојната визуелна изложба „Живот во кругот“ на ликовната уметница Петра Јовановска и на младиот автор Рафаел Ристовски.

Петра Јовановска е родена во 1972 година во Чешка, а дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Реализирала 48 самостојни изложби низ Европа, а учествувала на претставувања во: Франција, Германија, Хрватска, Полска, Р. Чешка итн.

Рафаел Ристовски е студент на УКИМ – Скопје, а има учествувано на двесетина групни изложби во земјава, но и во Хрватска, Романија, Мексико….

Ликовното претставување е поддржано од Министерството за култура и од Амбасадата на Чешка.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе