Изложба на Олег Кулик во „Мала станица“

од admin_kult

Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ вечер ќе биде отворена изложбата „Merry-go-round“ на Олег Кулик. Организатор е Националната галерија на Република Северна Македонија во соработка со авторот и со Музејот на современа уметност на Војводина.

Олег Кулик е роден во 1961 година, во Киев, и важи за еден од основачите на акционизмот во постсоветска Русија. На изложбата во „Мала станица“ ќе бидат претставени неговите антологиски акции од 90-тите години на минатиот век и познатите амблематски изведби од сериите „Бесно куче“, „Јас ја касам Америка, Америка ме каса мене“, „Ја сакам Европа, а таа не ми ја возвраќа љубовта“, фотоколажи од 2000-тите, како и нов перформанс и скулптура изведени во соработка со Музејот на современа уметност на Војводина.

Изложбата ќе биде поставена до 15.7.2021, а одговорен кустос за проектот е Ана Франговска, виш кустос. За времетраењето на изложбата ќе се организира и онлајн разговор со Олег Кулик, а во почетокот на јули ќе гостува и Сања Којиќ Младенов, куратор на проектот во Музејот на современата уметност на Војводина, која ќе одржи предавање за соработката со Кулик и за неговите позначајни проекти, соопшти Националната галерија на Република Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе