Изложба на дела од  31. Лесновска ликовна колонија

од admin_kult

Во изложбениот салон на Центарот за култура во Куманово, утре, четврток 8 февруари, во 12:30 часот ќе биде отворена изложба на слики од 31-та меѓународна Лесновска ликовна колонија која се одржа крајот на јуни минатата година.

Во рамки на изложбата ќе бидат претставени 30 дела изработени од 17 автори учесници на колонијата.

Изложбата на дела од Меѓународната Лесновска ликовна колонија која се реализираше со поддршка на Министерството за култура ќе биде поставена до 21 февруари.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе