Изложба на астрофотографија по повод 25 години на Скопското астрономско друштво

од admin_kult

Во Кинотека на Македонија вечерва ќе биде отворена изложбата на астрофотографии на Скопското астрономско друштво. Изложбата е организирана по повод 25 години на Скопското астрономско друштво.

На изложбата ќе бидат претставени фотографии од членовите на Скопско астрономско друштво направени на различни локации низ Македонија. Целта е да се пренесат убавините и инспиративните глетки кои можат да се забележат на ноќното небо со голо око, фотоапарат или телескоп.

Преку астрофотографиите ќе бидат претставени најразлични небесни објекти: галаксии, маглини, ѕвездени јата, објекти од Сончевиот систем, вештачки сателити, како и пејсажни фотографии со астрономски мотиви.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе