Во Музејот на современата уметност денеска во 20:00 часот ќе биде отворена интернационалната патувачка изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“.
Изложбата е во организација на Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ – Скопје, а куратори се Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова.
Во рамките на изложбата ќе бидат изложени дела од: Ула вон Брандеребург, Кристина Божурска, Јане Чаловски и Христина Иваноска, Ноа Ешкол, Андреас Екнер, Ули Фишер, Зиле Хома Хамид, Хајде Хинрикс, Олаф Холзафел, Криста Џетнер, Елиза ван Јоолен и Винсент Вулзма, Јован Јосифовски, Ева Мајр и Еран Шаерф, Карен Мишелсен Кастанон, Џудит Раум, Франц Ерхард Валтер, Зорица Зафировска и Клелија Живковиќ; како и инсталацијата „Простор Баухаус“, визуелна архива за историјата на работилницата за ткаење во комплексот Баухаус Десау и Вајмар (уметничко истражување: Џудит Раум; дизајн: Јакоб Кирш; архитектура: S.T.I.F.F.) и уметнички дела од уметниците застапени во Колекцијата на МСУ – Скопје: Соња Димитрова, Димче Коцо, Јоланта Овидска, Исмет Рамичевиќ, Лиза Рехштеинер, Мира Спировска, Душко Стојановски, Патриција Веласко Уалин.
Изложбата ќе биде отворена до 2 септември 2024 година.