Изложба и концерт  во Музеј на град Неготино

од admin_kult

„Автобиографија во слики“ е насловена самостојната изложба на слики од Новица Трајковски, која ќе биде отворена  денеска, 25 јуни 2021 година,  во 14.00 часот, во изложбениот салон на Музеј на град Неготино.

Во рамки на изложбата ќе бидат претставени 23 слики изработени во техника масло на платно.

Изложбата ќе биде збогатена со матине концерт на Трио Аперто, клавир и две виолини, во состав на Марина Трајковска-виолина, Момчило Куфојанакис-виолина и Весна Ангелова Христов-пијано.

На програмата се изведби од Вивалди, Дворжак, Бах, Шостакович и др. Концертот е дел од Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес за 2021 на Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе