Изложба „Имагинариум“ со илустрации за деца од Христина Мазнеска

од admin_kult

Во Галеријата МКЦ вечер од 20:00 часот ќе биде отворена изложбата „Имагинариум“ – илустрации за деца на академската уметница Христина Мазнеска. На изложбата, што ќе може да се посети до 30 август, ќе бидат претставеи 50-ина креативни колоритни илустрации за деца изработени од 2018 до 2022 година.

Христина Мазнеска (Прилеп, 1995) е сестрана уметница која работи во доменот на визуелните и применетите уметности. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во класата на проф. Жанета Вангели на отсекот Сликарство со модул графички дизајн. Имала четири самостојни изложби во земјава и учествувала на над триесет групни изложби и креативни работилници.

Од 2018 година работи како илустратор на многубројни креативни проекти. Досега има илустрирано и дизајнирано десетина странски книги за деца.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе