Во Музејот на Македонија утре, среда (16 јуни) вВо 20 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Африкански лица“на реномираната македонска фотографка Билјана Јуруковски.
Во рамки на изложбата ќе бидат претставени повеќе дела создадени за време на патувањата на авторката низ Африка. За ова волшебно патување низ Африка ќе можете да се поразговара со фотографката Билјана Јуруковски на средбата која ќе се одржи на 17 јуни во 12 часот во Музејот на Македонија.
По впечатливите изложби „Духовите на Африка“ и „Африка во Македонија“, кураторот Гоце Наумов преку изложбата „Африкански лица“ ја продолжува приказната за африканските култури. Оваа изложба ќе биде пропратена и со негово предавање за народот Сури кое ќе се одржи на 23 јуни во 12 часот.
Изложбата е финансиски подржана од Министерството за култура.