Изложбата „Слобода?!“ гостува во Уметничката галерија „Илија Бешков“ во Плевен,  Бугарија

од admin_kult

Третото и последно претставување на групната изложба „Слобода?!“ ќе се одржи на 26 јули (вторник), од 18:00 часот, во Уметничката галерија „Илија Бешков“ во  Плевен,   Р  Бугарија. Оваа патувачка изложба досега ги посети градовите Созопол и Ловеч.

На изложбата ќе бидат претставени дела на македонските ликовни уметници од неформалната група „Конекција“, кои  живеат и работат во Софија, дела на ликовните уметници и професори од факултетите за ликовна уметност во Северна Македонија и во Бугарија.

Градот Плевен за првпат ќе биде домаќин на изложба од проектот „Поврзување“ на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 12 август 2022 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе