Во Културниот центар „Виланов“ во Варшава денеска се отвора изложбата на Друштвото на ликовните уметници на Македонија „Експериментален цртеж и експериментална поезија“.
Изложбата е во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Варшава и на в. д. амбасадорот Илија Псалтиров по повод триесет години билатерална соработка меѓу Република Северна Македонија и Полска.
Изложбата се реализира во соработка со Друштвото на писателите на Македонија при што триесет поети напишаа песни за триесетте цртежи од самата изложба.