Во согласност со членот 70 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија” бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), националните установи во jуни во тековната година за наредната година доставуваат до Министерството за култура нацрт-годишна програма за работа на установата.
Во нацрт-годишната програма се изразени средствата потребни за: програмски активности и оперативни трошоци на установата; плати и други надоместоци за вработените и за надворешните соработници кои ќе се ангажираат за остварување на програмата; материјални трошоци и трошоци за инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема за установата.
Нацрт-годишната програма содржи проекти со спецификација на трошоците по намени и активности. Во нацрт-годишната програма се изразуваат средствата што се планира да се остварат по други основи, како: сопствени приходи, приходи од услуги и донации.
Образецот за нацрт-годишната програма и обрасците за поединечните проекти по одделни дејности треба да се преземат од веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk), да се пополнат електронски со впишување податоци на означеното место и да се заверат со печат на установата и со потпис на овластеното лице. За секој поединечен проект се пополнува посебен образец од соодветната дејност.
Кон пополнетите обрасци, задолжително треба да се приложат бараните документи што се наведени во секој поединечен образец од соодветната дејност.
Со обрасците може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектите за кои установата цени дека е потребно да ги достави. Документите/ материјалите доставени со обрасците не се враќаат.
За сите дополнителни информации во врска со обрасците може да се обратите до соодветното одделение во Министерството за култура.
Укажуваме дека нема да бидат разгледувани нецелосно пополнети и некомплетни обрасци – без приложени документи!
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА
Обрасци за нацрт – годишната програма на националните установи за 2022 година
Обрасци за проекти од областа на визуелните уметности , архитектурата и дизајнот
Образец за проекти од областа на драмска дејност – аматеризам
Образец за манифестации и фестивали
Образец за проект од областа на музичко – сценската дејност и фолклорот
Образец за проект од областа на драмска дејност – продукција на професионална претстава
Образец за проект од областа на меѓународната дејност
Образец за инвестициско и тековно одржување на објектите и опремата во државна сопственост
Обрасци за проекти од областа на заштитата на недвижното културно наследство
Образец за проекти од областа на аудиовизуелните добра
Образец за проекти од областа на библиотечна дејност
Образец за проект од областа на европски интеграции
Образец за проект од електронското издаваштво
Образец за издавање носачи на звук и слика