„Зад отворени врати“ – Интернационален фестивал на монодрама во Битола

од admin_kult

Под мотото „Зад отворени врати“  ќе се одржи 22 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола, откако минатата година беше одложен заради ковид пандемијата.

Свеченото отворање е на 22 јуни (вторник) со почеток во 20 часот, во Големата сала на Народниот театар во Битола,  со монодрамата „Кармен“, во режија и драматизација на Дејан Пројковски, актер е Билјана Драгичевиќ-Пројковска , а во продукција  на Драмски театар Скопје.

Инаку во официјална конкуренција се 10 македонски монодрами од врвни авторски имиња, Достоевски, Гогољ, Чехов,  со кои актерите од целата држава ќе се натпреваруваат за трите награди, најдобар, актер, режија и Гран при на фестивалот.  ,

Претставите започнувајќи од 22 јуни ќе се играат на четири различни сцени низ Битола и тоа на големата сала на Народниот тетар, во големата сала на Центарот за култура, во Пациото и сцена-бифе на театарот. Претседател на жири комисијата ќе биде Весна Бејби Петрушевска, а членови Тодор Кузманов театарски критичар и Љупчо Ѓоргиевски-Бубе режисер од Битолскиот театар.

Фестивалот кој е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола, завршува на 27 јуни со премиерната изведба на претставата „Луди за љубов“ која е надвор од конкуренција и е во чест на наградените.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе