Заврши Поетската манифестација  „Рацинови средби“

од admin_kult

Со  свечено доделување на признанијата, во Велес беше спуштена завесата на 57-то издание на Меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“. Македонскиот писател Томислав Османли ја доби највисоката награда, која му ја донесе неговата 28. книга „Парадоксикон“, а финскиот лингвист Јоуко Сакари Линдстет и  американскиот македонист Виктор Фридман го добија почесното „Рациново признание“.

Во рамките на Манифестацијата, традиционално и годинава се одржа меѓународниот поетски митинг на кој покрај македонските поети, и поетите од странство, преку видео, рецитираа свои песни. Во рамките на „Рациновите средби“ се одржаа и две меѓународни конференции посветени на 75 години современ македонски јазик и на творештвото на Горан Стефановски, неколку промоции на книги и посети на родната куќа и вечното почивалиште на Коста Солев Рацин.

Во двете вечери се одржаа и концертите на групата „Синтезис“ и на Градскиот камерен оркестар од Велес.

 

 

 

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе